Откриено кој му го уништи бракот на Џеф Безос: Братот на неговата љубовница ги продал секси фотографиите за 200.000 долари!

Исплатата на Санчез ја одобрил директорот на компанијата „Американ медија“, Дејвид Пекер.

999

„Волстрит журнал“ пишува дека „Американ медиа“, издавачот на „Нешенел енквајерер“, платил 200.00 долари за да ја добие интимната преписка помеѓу главниот извршен директор на „Амазон“ Џеф Безос и неговата љубовница Лорен Санчез.

Мајкл Санчез, братот на љубовницата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, на таблоидот „Нешенал eнквајерер“ им ги продал фотографиите и секси пораките кои Бесоз ѝ ги праќал на неговата сестра, Лорен Санчез.

Според американските медиуми за нив Мајкл Санчез добил 200.000 долари.

Тој работи како агент за таленти во компанијата во чија сопственост е овој таблоид и за врската на сестра му со најбогатиот човек на светот зборувал уште минатата есен.

Исплатата на Санчез ја одобрил директорот на компанијата „Американ медија“, Дејвид Пекер, кој е долгогодишен пријател со американскиот претседател Доналд Трамп.

Веднаш по објавувањето на приказната за врската на Безос со атрактивната Лорен Санчез на цели 11 страници, дојде до развод на Безос и неговата сопруга Мекензи по цели 25 години во брак.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...