Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.