Музичката индустрија претрпе многу промени изминатите години.
Од музички плочи, касети, компакт дискови, па се до дигитализација.
Иако на почетокот беше лесно да се слуша музика на компјутер, да префрлиш песни на твојот мобилен телефон на преклоп, беше малку потешко. Со ова започна таканаречената „ера на рингтон“, пренесува „weforum.org“.
Иако Spotify и Pandora не можат да ги заменат парите давани за цедиња, сега стримингот е најпопуларен формат за музика во САД.
Веќе ги нема деновите кога луѓето чекаат во ред во музика продавница за да го купат најновиот хит албум. За 80 отсто се намалило продавањето на цедиња во изминатата деценија. Денес продажбата на физички формат на музика изнесува само 17 отсто од приходите на оваа индустрија.
Сепак, во 2017 година продажбата на музички плочи бележи пораст, по бавното и стабилно враќање.
ФОТО: EPA