Италијанскиот весник „Тутоспорт”, објави дека Јувентус ќе се обиде да го „украде“ од Рома Николо Заниоло.
Талентираниот играч од средниот ред минатото лето дојде во Рома од Интер.
Тој е еден од најдобрите играчи во оваа сезона, и беше особено брилијантен во 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Порто.
Јувентус е подготвен да понуди 60 милиони евра со цел да го обезбеди доаѓањето на Заниоло, но во Рома ќе се обидат да сторат се што е можно за да ја блокираат работата.
Во Рома работат на нов договор, но, Заниоло нема да може да го задржат доколку не успеат да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, нагласува весникот.