Ова е едно барањата што минатата година ги испорача Групацијата на одгледувачи на свињи до ресорното Министерство и до Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според Шаклев, во угостителските објекти најмногу се користи замрзнато месо, а се продава по цена како да е свежо.
-Со таков правилник, некои угостители веќе нема да имаат можност да ги мамат гостите. Зошто да не се декларира месото во угостителските објекти па замрзната кременадла да се нуди по 100 денари, а свежа за 200 денари и потрошувачот сам да определи дали сака да јаде свежо месо кое е поскапо или замрзнато? Ова некои од угостителите го злоупотребуваат и во своите објекти целото месо го продаваат и нудат како свежо месо, нагласува Шаклев.
Со ваква мерка, оценува, и одгледувачите на свињи би имале шанса да го зголемат производството на свињи и месо за околу 30 отсто.
Барањето за правилник за декларирање месо во угостителските објекти, Асоцијацијата на земјоделци повторно ќе го испорача до надлежните институции.