Во полициската станица Кисела Вода вчера било пријавено дека за три дена арамија извршил тешки кражби во две приватни здравствени установи сместени во Здравствен дом на улица „Огњан Прица“ во Скопје, соопшти МВР.
Тој украл повеќе видови ампули, шприцеви и игли за шприцеви, како и други разновидни лекови и предмети.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.