Утре (среда) од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на потегот од улицата „Ферид Бајрам“ до улицата „Боца Иванова“, поради асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и полицајци или други овластени службени лица.
Од Град Скопје апелираат го граѓаните да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.