Тротоари наместо времени објекти и нов асфалт кај Монопол во Куманово

151

Почна реконструкцијата и подготовка за асфалтирање на улиците „Србо Томовиќ“, „Страшко Арсов“ и „4-ти Јули“ кај Монопол во Куманово. Поради градежните активности, улиците се затворени за сообраќај, информираа од секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај од општина Куманово.

Поради изградба на тротоаритe се острануваат времените објекти на овие улици, кои ќе бидат затворени за сообраќај наредните дваесетина дена.

За асфалтирањето на улиците „Србо Томовиќ“, „Страшко Арсов“ и „4-ти Јули“ кое го спроведува кумановската компанија „Кооп Инжинеринг“, од општинскиот буџет одвоени се 9, 23 милиони денари, информираше помошникот раководител на секторот Момчило Јовановски.

Во ноември, минатата година заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на овие улици во должина од 460 метри и беа заменети азбестните цевки, за што Куманово од буџетот одвои 1,645 милиони денари. Претходно, на овие улици беше реконстуирана фекалната канализација. Обновата на водоводната мрежа беше изврешна по четири децении.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...