Села: Наместо реформи, СДСМ и ДУИ прават пазар за враќање на ВМРО во Собранието

936

Изразуваме длабока загриженост и ја предупредуваме јавноста дека владата на СДСМ и ДУИ не само што нема намера да го реформира судскиот систем и функционирањето на владеењето на правото, туку оваа коалиција тргува со правдата во интерес на политичко пазарење, реагира Алијансата за Албанците.

– Ова најдобро се докажува со одлуката на Врховниот суд за ослободување на пратениците на ВМРО, кои се осомничени и обвинети за настаните од 27 април за напад врз Собранието и пратениците, од затвор во куќен притвор. Највисоката судска институција која е предводена од Јово Вангеловски, избран во време на ВМРО- ДУИ, е еден од главните катализатори на монтираните политичките процеси. Врховниот суд го исполни едно од барањата на ВМРО која го условува своето враќање во Собранието – велат од Алијансата.

Од партијата на Села додаваат дека најостро ги осудуваат политичките пазарења кои  ги прави Владата на СДСМ и ДУИ заедно со ВМРО, изведувајќи апсења кои на почеток наликуваат на филмски сцени а по некое време истите тие апсења завршуваат во домашен притвор како што е случајот и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и другите инволвирани во крвавиот настан од 27 април.

– Владата на СДСМ и ДУИ нема капацитет ниту политичка волја за реформа на правосудниот систем, уште повеќе кога претседателите на високите судски установи се избрани од времето на ВМРО-ДУИ и истите не може да и служат на правдата ниту денеска да делат правда – велат од Алијансата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...