Водич за консумација на алкохол во муслиманските земји

461

Во мултимилијардерската индустрија на туризмот, алкохолот има огромен удел. Мали проблеми околу тоа настануваат само на Средниот Исток и во делови на Северна Африка, каде во сила е Шеријатски закон.

Во однос на тоа, заедничките правила за сите подолу наведени земји, се следни:

– Не е дозволено пиење алкохолни пијалаци во јавност;

– Пиењето алкохол во муслиманските земји е грев;

– Забрането е да се пие и да се се вози;

– Дозволено е пиење алкохол само дома.

Катар

Од сите арапски земји, Катар е во најголемо искушение, со оглед дека за три години ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, a, навивачите сакаат да пијат. Иако Владата најави дека „ќе олабави“ некои закони, како оној – само оние кои не се државјани на Катар да можат да пијат, но во затворени хотелски барови. Додека алкохол  се продава само во фри-шоп на граница.

Египет

Како и други „западни“ арапски земји, Египет забележително „ги олабави“ своите закони. Иако алкохолот може да се купи речиси насекаде, законски е забранета негова продажба на јавни места.

Обединети Арапски Емирати

Како „САД“ на Средниот Исток, Обединетите Арапски Емирати се земја каде законите се разликуваат од емират до емират. Дубаи и Абу Даби се прилично зависни од туризмот, па тука не е тешко да се дојде до пијалак. Во обата емирата, алкохолот е дозволен во лиценцирани хотели, ресторани и барови вон хотелот. Но, не се пие в јавност, оти тоа е нелегално.

Јордан

И Јордан прави сѐ за да привлече туристи, па така, лицата над 18 години можат да купат алкохол, освен само за врема на  муслимански празник. Во Јордан алкохолот е дозволен за продажба.

Оман

Оман дозволува купување алкохол само за оние кои не се постојани жители на државата. Посетителите можат да купувааат пијалаци во хотели и ресторани во одредени периоди во денот. Сѐ зависи од лиценцата со којашто Владата ги контролира објектите, па што подолго служат алкохол во текот на денот, толку лиценцата е поскапа.

Либан

Со оглед на тоа дека во Либан живеат над 40 отсто христијани,тоа е една од најпрогресивните муслимански земји. Бејрут ја има најголемата геј-сцена на Блискиот Исток вон Израел. Земјата е позната дестинација за ноќен живот, па во однос на алкохолот, имаат поголем избор отколку просечна европска земја.

Мароко

Не може се рече дека во Мароко алкохолот е забранет, но може да се најде на многу малку места. Сепак, во рестораните и баровите, алкохол е дозволен да се служи само на лица над 18 години, без какви било проблеми.

Турција

Како мост меѓу Европа и Средниот Исток, во Турција нема да наидете на никакви забрани околу алкохолот, па тоа е исто како да се наоѓате во некоја европска земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...