Холандија, Русија и Шведска имаат најголеми шанси за победа на Евровизија, според страната за обложување „eurovisionworld“.
Дункан Лоренс со песната „Arcade“ се најде на првата позиција, со 21 отсто шанса да излезе како победник од Тел Авив.
Со 13 отсто, Сергеј Лазарев со песната „Scream“ го зазема второто место на страницата. Тој ја претставуваше Русија на Евросонг и во 2016 година и иако прв во телефонското гласање, заврши на третото место. Покрај музиката, Лазарев се занимава со танцување и глума.
Десет отсто од обложувачите сметаат дека песната на Шведска ќе го „зграпчи“ првото место во Тел Авив. Џон Лундвик покрај тоа што ќе ја претставува оваа земја со „Too Late for Love“, тој се јавува и како текстописец на песната која ќе ја претставува Велика Британија, „Bigger Than Us“.
Според обложувањето, песната „Heaven“ на Црна Гора нема шанси за победа, таа се наоѓа последна на листата.
Северна Македонија моментално е дваесет и прва по ред, според тоа колку лица веруваат дека токму „Proud“ ќе не одведи до врвот.
ФОТО: EPA / SANDER KONING + EPA / MAXIM SHIPENKOV + EPA / Claudio Bresciani/TT