Рускиот амбасадор му однесе нота на Заев дека Путин го признава новото име ФОТО

950

Премиерот Зоран Заев вечер го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин кој му врачил копија од нотата на руското МНР согласно која врз основа на одлука на Владимир Путин, Русија го признава новото име.

На средбата во Кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдија заложбите на двете земји за одржување на традиционално пријателски односи низ активен дијалог. Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90 отсто, во споредба со истиот месец во 2018 година“, соопштија од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...