Татко на дете од Србија тврди оти неговиот син бил сексуално злоставуван со дрвен предмет во училишен двор.
Десетгодишникот најпрво бил навредуван, а потоа и силуван, а целото тоа било снимено со мобилен телефон.
Таткото за „Курир.рс“ вели дека настанот се случил на 4 март околу 17 часот.
– Мојот син тој ден се врати дома извалкан и со искинати алишта. Прво немаше храброст да ми каже. „Тато, децата во училиште ме малтретираа“ ми рече, а потоа ми ги кажа деталите, кои би сакал да ги заборавам – изјавил тој.
Детето врескало и барало помош, а насилниците се смееле и снимале со мобилниот телефон.
Тоа сега имало кошмари и ретко зборувало со семејството.
– Повлечен е и едвај зборува. Често станува од кревет бидејќи го мачат кошмари. Стравуваме дека неговата состојба ќе се влошува. Мојот син соучениците го вознемируваат уште од прво одделение. И претходно го тепаа, доаѓаше дома со рани на главата, валкан и расплакан. Пред неколку години имавме маици со натпис „Стоп за врсничкото насилство“, за да ги заштитеме децата – појаснил таткото.
Како што вели таткото, директорот на училиштето му рекол да не го пријавува случајот во полиција.
– Разговарав со директорот и тој ме советуваше да не пријавувам во полиција. Ми рече дека тој ќе контактира со родителите, дека ќе се погрижи вакво нешто да не се повтори. Меѓутоа, две недели подоцна, ништо не е преземено, никаков разговор не е закажан – рекол таткото.
Директорот на училиштето за медиумот рекол дека инцидентот не се случил така како што таткото го опишал.
– Не беше баш така, но целиот случај е во процедура. Контактиравме со родителите на тие ученици и сега се истражува што точно се случило – изјавил директорот.
ФОТО: Курир.рс