Полицијата го пронајде 16-годишното девојче од Кисела Вода, кое мајка му вчера го пријави дека е исчезнато – соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
– Вечерва, од страна на полициски службеници, е пронајдена 16-годишната О.П. за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот – се вели во соопштението од МВР.
Девојчето во текот на вечерта ќе му биде предадено на семејството. Од полицијата не откриваат повеќе детали за настанот.