„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува уапсените на протестите, но не и оние кои „тепале и со нож нападнале полицајци“

442
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“.

– Оние кои ќе побараат помилување ќе бидат ослободени, а претседателот нема надлежности во врска со прекршочните постапки, изјавил за „Блиц“ извор близок до Претседателството.

Како што пренесува „Блиц“, помилувањето се однесува на сите, освен на оние кои во зградата на РТС внеле моторна пила и им се заканувале на новинарите.

– Помилувања нема да има ниту за оние лица кои „тепале и со нож нападнале полицајци“ на протестот пред Претседателството на Србија, наведе „Блиц“.

Претставниците на Сојузот за Србија (СС) претходно ги повикаа надлежните и српскиот претседател Александар Вучиќ да ги ослободи уапсените луѓе за немирите на протестите и најавија дека во спротивно ќе организираат мирни протести и дежурства пред Претседателството.

Тие најавија дека кампањата ќе продолжи под слоганот „За децата нема да ви простиме“, а еден од лидерите на СС, Драган Ѓилас, рече дека акцијата за упад во Радио Телевизија Србија не била планирана.

– Вучиќ има правни и уставни овластувања да донесе одлука за амнестијата за овие луѓе и да ги прекине постапките и да ги врати овие млади луѓе назад во нивното семејство и училиштето”, рече Ѓилас на прес-конференцијата.

Зоран Лутовац од СС рече дека ќе го чекаат законскиот рок за поднесување жалби за апсења, за да се интензивираат нивните постапки, но сепак тие не сакаат да објаснат на кој начин.

– Сакаме да видиме кои законски можности ги имаме, рече тој, додавајќи дека ова мора да се реши во следните 24 часа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...