Соработката меѓу Грција и Северна Македонија на дневен ред во грчкото МНР

82

Под претседателство на алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, а во присуство на генерални секретари и генерални директори од грчките министерства, во грчкото МНР денеска се одржа првиот состанок на Специјалниот министерски комитет за спроведување на стратешката соработка меѓу Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Овде сме да ги координираме сите синергии за, во корист на двете страни, да се покаже најзначајното, а кое што е важноста на Договорот од Преспа. Тука сме да ја понудиме потребната политичка рамка. Целиме кон ваш придонес за соработките да одат напред колку е можно побргу, рекла алтернативната министерка за надворешни работи, Анагностопулу во обраќањето до членовите на Специјалниот министерски комитет, соопштуваат од грчкото МНР.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, на следните состаноци се очекува да бидат презентирани конкретни предлози за синергии во земјоделството, цивилната заштита, енергијата, животната средина, индустријата, образованието, истражувањето и технологијата, здравството, транспортот и прекуграничната соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...