Откако 10 пати избегал и бил вратен, денеска уште еднаш е пронајден и вратен во домот „Ранка Милановиќ“ 17-годишниот штитеник на установата Ф.К.
Тој бил пријавен во Полициската станица Гази Баба дека се оддалечил од домот .
Од полицијата информираат дека тој повеќе од 10 пати досега самоволно ја напуштал установата и бил пронаоѓан и враќан назад од страна на полицијата.