Дирекцијата за заштита и спасување поради зачестените полски и шумски пожари апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
– Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација – велат од ДЗС.
Оттаму препорачуваат доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор, да го пријават во надлежните институции.
Дирекцијата за заштита и спасување, како што се наведува во соопштението, ја следи ситуацијата со пожарите во државата и соодветно реагира.