Заев: Кој сум јас и кој е Мицкоски да кажуваме дали ни се допаѓа обвинителот?

1090

Премиерот Зоран Заев вели дека преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО не се пазар за криминал.

Во пресрет на разговорите кои ќе ги имаат работните групи, тој вели дека единствено што му е познато од ставовите на Христијан Мицкоски е тоа дека не му се допаѓа Катица Јанева и нејзиниот тим.

Имаше коментар и за барањето на опозицијата, републичкиот обвинител да се избира по нејзин предлог.

– Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога има Совет на јавни обвинители и таму се прави изборот – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...