Според весникот „Индепендент“ во нападот во трамвајот во Холандија има најмалку едно загинато лице, а напаѓачот е во бегство. Медиумите објавуваат дека можно е во нападот да учествувале повеќе лица.
Портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави денеска дека оружениот напад во во градот Утрехт можеби имал терористички мотив.
Тој истакна дека полицијата ја разгледува можноста дека станува збор за терористички напад.
Претходно е соопштено дека неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај, но засега нема информации за нивниот број и здравствената состојба.
На местото на нападот се пристигнати три медицински возила.
Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.
Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во трамвај на Скверот 24 октомври, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.
ФОТО: EPA / ROBIN VAN LONKHUIJSEN