Министрите за внатрешни работи Кристоф Кастанер и за економија Бруно Ле Мер ќе бидат сослушани од страна на Комисиите за закони и за економски прашања на Горниот дом на францускиот Парламент – Сенатот, за да дадат објаснувања околу „сериозното“ насилство што ги наруши саботните протести на „жолтите елеци“ во Париз, јави дописникот на МИА.
Двајцата министри ќе бидат слушани од страна на двете комисии кои ќе бидат на заеднички состанок, посветен „на средствата кои се користат за справување со овие проблеми и последиците од овие нови влошување на состојбата за трговијата и економската атрактивност“ на Франција, се наведува во соопштението на Сенатот во кој мнозинството го има опозицијата од десницата.
Главниот град на Франција во саботата беше арена на насилство на маргините од протестите на „жолтите елеци”. Улицата Шанзелизе видно беше уништена од страна на стотици насилници, кои предизвика многу пожари во луксузните бутици, палеа канти за ѓубре, возила, но, исто така, и една банка и луксузниот ресторан Ле Фукец, кој беше целосно ограбен.
Комисиите за закони и за економски прашања, претседавани од страна на Републиканците Филип Ба и Софи Прима ќе извршат и други сослушувања во текот на наредните денови.
Сенатот оваа недела дефинитивно го усвои предлог законот за насилство при демонстрации, кој ја доби владината поддршка во контекст на настаните.
ФОТО: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON