Денеска и во вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Температурата ќе се движи од минус 1 до 25 степени. Во Скопје сончево и топло со температура од 1 до 22 степена.
Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.
Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува и умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.