Сакаше да се откаже од музиката, а сега песната на Иги Азелиа е четврта на iTunes (ВИДЕО)

464
ФОТО: EPA / ELVIS GONZALEZ

Минатата година Иги Азелиа призна дека била блиску до одлука да се откаже од музиката, откако нејзината кариера дочека лоши денови.

Но овој викенд, новата песна на раперката, „Sally Walker“, се искачи на четвртата позиција на американската iTunes листа.

Азелиа за прв пат се најде во првите пет од 2014 година, кога се најде на истата позиција со песната „Black Widow“.

Таа година, раперката стана една од најпознатите музички ѕвезди во светот, а во тоа помогнаа и хитовите „Fancy“ и „Pretty Girls“.

Во петокот излезе спотот за песната „Sally Walker“ и веќе има над 15 милиони прегледи.

ФОТО: EPA / ELVIS GONZALEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...