Венецуела и влијанието на Куба

300
ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ

САД и забележуваат на Куба дека ја контролира политичката елита, оружените и безбедносните сили, како и тајните служби во Венецуела. Хавана негира и бара докази од Вашингтон.

За американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот на Венецуела Николас Мадуро е „марионета на Куба“. Во својот говор, на крајот на февруари на Флорида, Трамп ја премести и префрли на Куба дека стационирала воени единици во Венецуела и се закани со воена интервенција за да му помогне на самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо да дојде на власт во Каракас.

Кубанската влада веднаш реагираше. Обвиненијата се злобни, рече кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, и побара од САД докази за наводното распоредување војници и инфилтрирање на армијата во Венецуела.

Обвинувањата на адреса на Куба не доаѓаат само од САД, туку и од Организацијата на американски држави (ОАС), невладини организации, како и од поранешни припадници на венецуелските вооружени сили.

Кубанското Министерство за надворешни работи побара неоспорни докази, бидејќи Каракас и Хавана добро ги кријат, вели д-р Иво Хернандез од Институтот за политички науки при Универзитетот во Минстер. Мадуро, како што вели, има контрола врз ширењето информации во земјата и ги држи под клуч податоците за економските показатели, како што се реалната стапка на инфлацијата, но исто така и информации за степенот на кубанско присуство во Венецуела. – Но веќе доволен број поранешни припадници на венецуелските безбедносни сили опиша силно влијание на кубанската армија, изјави Иво Хернандез за Дојче Веле.

Индиректни докази

Еван Елис, професор на Институтот за стратешки студии (SSI) поаѓа од тоа дека постојат доволно индиректни докази за кубанско влијание врз венецуелските безбедносни сили. – Ако САД имаат информации, тогаш тие се, се разбира, строго доверливи, вели Елис во разговор со ДВ. – Ако Американците ги стават овие информации на маса, тогаш нивните обвинувања стануваат кредибилни, но потоа, во некои околности, ги загрозуваат животите на нивните информатори и ги покажуваат своите истражувачки методи, вели Елис.

За американскиот воен експерт, постојат неспорни изјави од многу Венецуелци кои известуваат за тоа како секојдневно постои контакт со Кубанците. Меѓу нив се наставници, спортски тренери, лекари, техничари и војска. – Не треба да се отфрли дека некои од нив работат со кубанските тајни служби, вели Елис.

А кога Куба почна да го шири своето влијание на Венецуела? За ова прашање експертите не се единствени. Некои веруваат дека ова влијание постоело уште пред обидот за преврат против поранешниот претседател на Венецуела Уго Чавез на 11 април 2002 година. Во секој случај, овој настан меѓу набљудувачите се смета за обид за пуч.

Револуционарен експанзионизам

Неспорно е дека кубанското раководство под Фидел Кастро, кратко време по револуцијата во 1959 година, активно се обидуваше да го спроведе кубанскиот модел на револуција во другите земји – вклучително и во Венецуела. – Плановите на Кастро можеа да се реализираат само кога на власт дојде човек кој може да се манипулира. Тој човек беше Уго Чавез, кој беше на власт во Венецуела од 1999 година до неговата смрт, вели Иво Хернандез. Според него, Куба, пред повеќе од 15 години почнала да извезува во Венецуела политички, социјални и економски системи на контрола, кои ги презеде од Советскиот Сојуз.

„Денови на потчинетост“ се вика книгата во која венецуелскиот новинар Орландо Авендано го опиша планот на Кастро за проширување  во Венецуела, долго време пред владеењето на Уго Чавез. – Моето истражување се фокусира на периодот помеѓу 1959 и 1994 година, кога Кастро и Чавез се состанаа за првпат, а Чавез веднаш беше хипнотизиран од Кастро, вели Аведано. Врз основа на бројни извори и интервјуа со сведоци од тоа време, Аведано ја опиша раната кубанска поддршка за револуционерни групи во Венецуела и вклученост во обидот за преврат на 4 февруари 1992 година, со кој раководеше младиот потполковник со име Уго Чавез.

– Останатото е историја – вели Орландо Аведано.

ФОТО: EPA / RAUL MARTINEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...