Црн ден на македонските патишта: Загина уште еден мотоциклист

855

Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.

Според првичната информација од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.

Д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес за МИА потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на нестанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт.

– Во комбето немало повредени – информира Ристовска.

Ова е втор мотоциклист што загина денеска откако претходно во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат меѓу гостиварските села Равен и Вруток животот го загуби 21-годишно момче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...