Професорот Јове Кекеновски на Фејсбук денеска ја повика ВМРО – ДПМНЕ да престане со глумење и додворување и да се врати во Собранието.
„По средбата со премиерот З. Заев пред неколку недели, Христијан Мицковски изјави дека враќањето на ДПМНЕ во Собранието на РМ е прашање од математичка и политичка природа!?.
Сега откако на Митко Чавков и на пратениците на ДПМНЕ одредената мерка притвор им е заменета со домашен притвор, се елиминира половина од математичката природа на прашањето.
Додека се чекаше на решавање на математичката природа на прашањето (ослободување од притвор), постојано течеа преговорите меѓу ДПМНЕ и СДСМ. За политичката природа на разликите мошне лесно ќе се договорат. Иста крвна група се, и иста им е целта, и на едните и другите.
Засега се си тече според планот. ДПМНЕ за некој ден се враќа со Сорбанието на РМ.
На ред е третиот дел од меѓусебниот договор..!!!
Време е за сериозна и вистинска опозиција, доста беше глумење, додоворување и одработување“, напиша Кекеновски на Фејсбук.