По повеќе од една деценија на тотална негрижа за хигента и околината на Јадранска магистрала во Визбегово, здружените екипи на градските претпријатија и денеска продолжуваат со големото чистење на оваа локација, соопштија од Град Скопје.
Оттаму велат дека денеска работат веќе втор ден, наталожениот отпад се собира рачно и со багери, а во чистењето се вклучени и специјални комунални возила.
Во акцијата земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.