Петре Шилегов сè уште не одговори дали нов партнер на градот во бизнисот со рециклажа на опасен отпад ќе биде лицето Петар Припуз кој е криминално гонен за серија криминалии во Хрватска? Петре Шилегов сè уште не одговори дали Петар Припуз сопственикот на ЦИОС и уште други десетина компании, ќе го пресели опасниот бизнис со најотровниот отпад од странство во Македонија и ќе ги труе граѓаните на Скопје?, го прозва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во врска со депонијата Дрисла.
– Петар Припуз е човекот кој во Хрватска е гонет заедно со загребшкиот градоначалник Милан Бандиќ за сериозни криминалии. Партнерот на Петре Шилегов се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои што требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина бил купен отпадот од негова страна односно дали физички стигнал до неговите фирми. Дали намерите на Петар Припуз и Петре Шилегов се да го преселат бизнисот на ЦИОС во Скопје и да реализираат сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што ќе се увезува и рециклира тука во Скопје, а притоа никој не води сметка во државата колку таков опасен отпад е увезено? – праша Арсовски.