Синот Ромео се плашел дека ќе му го скрши срцето на Дејвид Бекам

1027

Викторија Бекам во нејзиното последно интервју откри дека нејзиниот син Ромео се плашел дека ќе му го скрши срцето на Дејвид Бекам со неговата животна одлука.

– Сите три сина имаат договор со Арсенал. Бруклин беше првиот кој кажа дека не сака да игра повеќе. Набргу после него и Ромео донесе иста одлука. Се сеќавам како седеше, беше потиштен и рече дека не сака да го разочара татко му – вели Викторија Бекам во интервју за Financial Times.

За среќа, вели таа, му објаснила на Ромео дека татко му само сака тој да биде среќен.

Photo: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...