Џорџ Клуни ја брани Меган Маркл: Не е фер, таа само си го живее животот ВИДЕО

1019
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Холивудскиот актер Џорџ Клуни повторно излезе во јавност бранејќи ја Меган Маркл.

Тој е близок пријател на Меган и принцот Хари, а досега во неколку наврати изјавуваше дека војвотката неправедно е мета на напади во јавноста. Во неговото најново интервју за Good Morning Britain тој повторно зборува на истата тема.

– Мислам дека понекогаш не е фер. И претходно видов дека медиумите можат да се свртат против некого поради глупи причини и практично поради ништо. Ми излгедаше дека не е фер затоа што Меган ништо не направи, освен што си го живее својот живот – вели Клуни.

Актерот за неа вели дека е „мила, паметна и интелигентна жена“, како и оти со принцот Хари се „прекрасен заљубен пар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...