На влезот на Скопје, булевар „Александар Македонски“, синоќа десетина минути пред полноќ се случила сообраќајка во која повредени се пет млади лица.
Сообраќајна незгода била помеѓу автомобили „рено меган“ и „опел вектра“, двете со скопски регистрации. Возачите на двете возила се 22-годишници.
Во „опелот“ биле уште две лица на возраст од 19 и 22 години, а во „реното“ 20-годишна девојка.
Сите петмина се пренеси во болница, тројца во Клиничкиот центар, а двајца во градската болница „8-ми Септември“.