Никој во Србија нема насилно да ги решава проблемите, да уништува сопственост и да им се заканува на новинари, порача министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ во второто обраќање пред јавноста во Палатата Србија на вонредна конференција.
Тој истакна дека „државата ќе мора да одговори на ова и секој што ќе го прекрши законот ќе биде прекршочно и кривично гонет.
Стефановиќ додаде дека полицијата смирено ја решила оваа ситуација, а имало напади врз полицијата и едно лице е приведено поради клоцање на полицаец.
– Во секој иден случај, кога едно лице размислува за нешто да реши нешто со насилство, полицијата соодветно ќе дејствува. Во наредните денови, надлежните државни власти ќе ги добијат сите информации за луѓето кои извршиле кривични дела и ќе постапи по сите барања, бидејќи Србија е сериозна држава, во која владеењето на правото значи нешто – рече Стефановиќ.
Стефановиќ смета дека до насилство не би дошло доколку лидерите на СС Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас не упаднале насилно и велат дека ги туркале луѓето да станат насилни и да се тепаат со полицајците. Полицијата не наседна на провокацијата и тоа е добро истакна министерот.
– Полицијата, на пристоен начин, ги замоли еден час да ја напуштат зградата, да преговараат, да се однесуваат на цивилизиран начин кон нив. Што требаше да направат? Да ги фрлаат новинарите од РТС низ прозор, дали тоа ќе ги направиеше среќни? – праша тој.
Стефановиќ вели дека Обрадовиќ и Ѓилас се уште ги повикуваат луѓето да продолжат со насилството.
– Не знам што им е целта. Мислев дека тие луѓе имаат повеќе причини, имаат различни политички ставови, знам дека малиот број на поддршка ги фрустрира. Но, тоа не значи дека ако сте незадоволни од ниската поддршка дека нешто треба да уништувате. Влезете во програма, ако не може, ајде да го запалиме РТС. Тие го демолираа влезот во РТС, го демолираа приземјето, влегоа внатре. Тие им се закануваа на новинари, користеа насилство насекаде – изјави Стефановиќ.