Кандидатката на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска самата си се оцрни, поради тоа што не осудува насилство туку му служи на Мицкоски, реагира СДСМ на прозивката од Силјановска.
– СДСМ нема да молчи за нејзините обиди да го оправда насилството на крвавиот 27-ми април. Нема оправдување за оној што решил да брани насилство, линч, напад на демократијата. Ниту е чесно ниту е праведно да се брани насилство. Ако Гордана Силјановска не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце тоа говори многу за неа. Силјаноска не е чесна пред граѓаните, соопшти СДСМ.