Смртта на Имане Фадил (33), мароканска манекенка која беше редовна гостинка на забавите на поранешниот италијански премиер Сливио Берлускони, се истражува како можно убиство, соопштија судски извори, а пренесе BBC.
Фадил умре во болница во Милано на 1 март, еден месец откако беше примена во болницата поради болки во стомакот. На своите пријатели и на адвокатот им рекла дека е отруена.
Имане сведочеше на судењето на Берлускони, обвинет за плаќање сексуални услуги на малолетни проститутки.
Тој најпрво беше осуден, но потоа ослободен, а подцна е осуден за затајување данок, па мораше да одработи општокорисна работа.
Главниот обвинител во Милано, Франческо Греко зјави дека во медицинската документација на Имане Фадил има многу неправилности и дека лекарите не откриле никаква болест која може да ја објасни нејзината смрт.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фадил пишувала книга за нејзините искуства и дека ракописот е кај судиите.
Репутацијата на Берлускони е прилично нарушена по наводите за злогласните забави во неговата вила.
Фото: EPA/DANIELE MASCOLO