Во Полициската станица Центар вчера било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници на возраст од 15 од Скопје и 17 од Куманово години, соопшти МВР.
Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.