Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска почнаа акција за генерално чистење на „Јадранската магистрала“ во скопската населба Визбегово. Акцијата се одвива на потегот од „Словенечка“ кон Момин поток, а во нејзината реализација се ангажирани 35 работници, соопшти Претпријатието.
Од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – патарки, метларки и кипери. Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на
Јадранската магистрала со автоцистерна.
Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество и
екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.