Хамилтон ја освои пол-позицијата во Мелбурн, Мерцедес со половина секунда пред Ферари

99
ФОТО: EPA/LUIS FORRA

Луис Хамилмилтон ги освои категорично квалификациите за ГП на Австралија, следен од својот тимски колега Валтери Ботас.

Ферари останаа на половина секунда зад Мерцедес, откако Себастијан Фетел беше побрз од Шарл Леклер, кој покажа завидна брзина, но остана петти по Макс Верстапен со Ред Бул.

Хас го повторија силниот старт од минатата година, откако Грожан и Магнусен се наредија на шесто и седмо место.

Одлично впечаток остави дебитантот во Мекларен, Ландо Норис, кој запиша осмо време.

Топ 10 ги затворија Кими Раиконен со Алфа Ромео и Серхио Перез со Рејсинг Поинт.

Фото: EPA/LUIS FORRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...