Фенербахче со импресивен пресврт против Барса во Евролигата

81

Лидерот на Евролигата, Фенербахче ја запиша 22-та победа во регуларната сезона против Барселона со 88:82. Турските кошаркари имаа негатива од 9 поени пред последната четвртина, но благодарение на силната игра на Костас Слукас, тие се вратија во игра и го израдуваа тренерот Жељко Обрадовиќ.

– Во второто полувреме направивме само четири грешки и имаме 4 украдени топки. Барса направи 9 грешки, што се покажа како клучно. Бевме агресивни и подготвени да ја бараме победата до последен момент. Навистина сум горд на начинот на кој ја свртивме играта во последните 10 минути, рече српската легенда.

Натпреварот ќе биде запаметен и по протерувањето на менторот на Барселона, Светислав Пешиќ. Тој ја оспори одлуката на судијата, набрзина доби две технички грешки и беше испратен во соблекувалната од судијата Луиџи Ламоника во првата минута од средбата.

Јака Блажиќ одигра силен дуел и постигна 15 поени, а по третата чатвртина, Каталонците водеа со 61:52. Тогаш Слукас ги презеде работите во свои раце и нанижа 12 од своите 22 поени во последните 10 минути. Гркот беше прецизен во своите пет шута од дистанца. „Фенерите“ шутнаа рекордни за Еврлоигата 38 пати за три поени и реализираа 17 од нивните обиди.

Анте Томиќ запиша 12 поени и 5 скока за Барселона, а Крис Синглтон се истакна со 12 поени, но шпанскиот клуб остана на 6-тото место на табелата со 15 победи и 11 порази.

Во другите натпревари синоќа Басконија ги декласираше Будуќност со 82:62, а Панатинаикос ја совлада ЦСКА (Москва) со 78:77 како гостин.

Грците триумфираа по тројка со сирената на Ник Калатес и задржаа шанси да се квалификуваат за плеј-офот. Тие се 9-ти во ранг, но со ист број поени со осмиот Олимпијакос.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...