ИРУ против попис без етничка и верска припадност

367

Интернационалната Ромска Унија (ИРУ) е против предлогот на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симоски  при пописот на населението да се исфрлат графите за етничка припадност и вероисповест.

Според ИРУ таков попис би бил невалиден.
– Недостатокот од вакви податоци ќе предизвика потешкотии за следење на социјалните движења на ромската заедница и за зачувување на културните и социјалните карактеристики и би се соочиле со последици од недостаток на база на податоци од ваков карактер. Графата за етничка припадност е од особена важност за ромската заедница која живее во Македонија, бидејќи државата се обврзала да ја спроведува Стратегијата за Роми 2014 – 2020 од која произлегуваат многу афирмативни мерки кои се врзани со етничката припадност- вели Зоран Димов, претседател на ИРУ.

Тој додава дека ваквиот предлог е тенденциозно насочена посебно кон помалите етнички заедници како што е и Ромската, кај кои одреден број на оваа популација освен мајчиниот користи и други јазици најчесто на поголемите заедници во Македонија и овој обид би водел кон тоа да се манипулира со луѓето вештачки да се претопаат во поголемите заедници во Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...