Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните – молчи за обидите за убиство на 27-ми април. Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата, реагира СДСМ.
– Молкот ја демаскира Силјановска. Гордана Силјановска воошто не се срами што е поддржана од политичката структура која има крвави раце. Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието, соопшти СДСМ.