Одмазда за убиството на 11-годишно девојче, за време на терористичкиот напад во 2017 година во Стокхолм, бил мотивот на напаѓачот во Нов Зеланд. Тогаш, на девојчето налета камион, кој го возеше Узбекистанец, а беа убиени и тројца други.
Во манифестот, Брентон Тарант вели дека девојчето само се враќало од училиште и не заслужило да биде убиено. Австралијанецот, на 74 страници напишал манифест, во кој објаснува зошто се решил за нападот.
За себе вели дека има 28 години и е роден во Австралија, а по потекло од Шкотска, Ирска и од Англија. На Нов Зеланд се преселил привремено за да го испланира и спроведе терористичкиот напад.