Јувентус разочаран дека Роналдо ќе игра за Поругалија во квалификациите за ЕП

278

Фернандо Сантос, португалскиот фудбалски селектор, објави листа на играчи за почеток на квалификациите за Европското првенство 2020. Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо ќе ја предводи репрезентацијата против Украина и Србија на почетокот од квалификациите.

Сепак, според италијанските медиуми, челниците во Торино се разочарани од одлуката на Роналдо повторно да игра за националниот тим. Причината е тоа што тој зачекори во 35-та година од животот, а Јувентус го очекува важно четвртфинале против Ајакс во Лигата на шампионите.

Наводно, лекарите сметаат дека Роналдо со таа одлука ќе ја загрози својата форма или загрози план и договор со нив, според кој на врвот на формата би бил во завршната фаза од најелитното клупско фудбалско натпреварување.

Сепак, Роналдо ќе ја води Португалија против Украина на 22 март во Лисабон, а три дена подоцна и против Србија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...