Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ја подновил општината со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина „ауди А6“. Вредноста на набавката е 114.000 евра.
За Мерко автомобилот „ауди А6“ вреден 66.700 евра не е луксузен, бидејќи според неги обични граѓани возат автомобили вредни 100.000 евра.
Освен „аудито“ набавени се „шкода октавија“ вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, кои чинат по 14.205 евра.
Според Мерко, набавката на автомобилите била неопходна бидејќи општината немала возила, а тие што ги имала биле хаварисани.