Казната од 7 години за Фета Алими докажува дека земјата е далеку од демократијата и правдата
Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата. Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими, кој е познат како единствениот човек што го спаси животот на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ноќта на 27 април, за нас, претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието, врз пратениците и, пред сѐ, физичката ликвидација на Зијадин Села, реагираат од Алијансата за Албанците.
– Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот „Тероризам“ и тој да се изедначи со групата што тепаше пратеници во Собранието на РСМ. Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој се обидува да се зачува етничкиот баланс кон преостанатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27 април, се вели во соопштението.
Според нив, Фета Алими денес требаше да биде награден од страна на државата, кој успеа да спаси човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зијадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние што ги видовме на телевизиските екрани, како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27 април.
– Изразуваме длабоко жалење за политичкото и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност, велат од Алијансата за Албанците.