Авион за влакно ќе удрел во автомобил во Торонто ВИДЕО

273

Камера фати застрашувачки момент кога авион за малку ќе го зафатеше  предниот дел на автомобилот кој се движел по многу фреквентен пат во Торонто.

Полицијата соопшти дека авионот изгубил контрола веднаш по полетувањето од пистата на аеродромот во Батонвил во Маркхам.

Истражителите велат дека авионот не постигнал доволна висина во текот на полетувањето па се урнал преку оградата.За влакно ги избегнал автомобилитен на патот во близина на автопатот 404 во Торонто.

Во видеото може да се види како авионот се наоѓа опасно ниско над патот и како едно од неговите крила за малку ќе удрело во автомобилот.

– Неверојатно е дека авионот не го зафатил возилото кое одело кон него –  вели полицаецот Дев Мичел.

Авионот, кој е во приватна соспственост, тогаш се урнал до патот.

Мичел наведува дека во авионот се наоѓале инструктор и студентка кои се повредени.

Од Одделот за безбедност на сообраќајот во Канада велат дека ја истражуваат несреќата. Евн Таскер, истражител, вели дека инструкторот и студентката изведувале маневр под името „допри и оди“.

– Значи доаѓате на копно и практично слетувате и  успорувате. По тоа забрзувате и повторно полетувате – рекол Таскер.

– Стандарден маневр, но во овој случај нешто тргнало на лошо – додава тој.

Од Одделот за безбедност додаваат и дека инструкторот управувал со авионот за време на несреќата и дека се обидуваат да сватат зошто авионот не успеал да постигне доволно висина по полетувањето, пишува CTWNews.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...