Александар Василевски-Нинџа и Абдуљфета Алими се единствените двајца обвинети за 27 април кои добија затворски под 10 години затвор, а истите Кацарска ги спомена и пред соопштувањето на казните.
Сите дејствија, потенцираше таа, детално се наведени во писмената пресуда.
За Нинџа, судијката Добрила Кацарска посочи дека е неспорно оти бил во контакт со дел од обвинетите и знаел дека ќе се влегува во Собрание со фантомки што може да се види и од снимките кај ресторанот „Дион““ каде тој гледа во кесата со фантомки.
Но, нагласи, факт е дека тој на 27 април, не влезе во Собранието и нема преземено никаков физички напад.
За Алими, пак, кој е дел од собраниското обезбедување, судијката посочи дека очигледно од снимките е дека тој е присутен кај главните врати во Собранието и се однесува пасивно односно не презема ништо.
Од друга страна, пак, Кацарска го посочи и тоа што Алими придонел пратеникот Зијадин Села да остане жив.