Повеќе од 300 жени вработени во Витаминка добиваат преглед со ехо на дојка во просториите на самата фабрика. Ехо-апаратот е поставен во соодветна просторија во компанијата каде неколку дена се извршуваат прегледите. Вработените коишто се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување, информираат од компанијата Витаминка.
Со спроведување на прегледите во самата компанијата, освен што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.
Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата:
– Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје – велат од компанијата.