Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.
Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.
– Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на
поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи – се наведува во посмената реакција на германската Амбасада.
Амбасадата на САД вчера реагираше на, како што оцени, потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.