Убиство на 11-годишно девојче причина за масакрот во Нов Зеланд, тврди терорист

Тој ги опишал своите мотиви како одмазда за терористичките напади во Европа, а најмногу за 11-годишното девојче Еба, едно од пет убиени лица во терористички напад во Стокхолм во 2017 година.

1988

Еден од терористите во Нов Зеланд, во кој животот го изгубија над 40 лица, тврди дека тоа е одмазда за убиството на 11-годишно девојче од Шведска во 2017 година во терористичкиот напад во Стокхолм.

Како што пренесува „thelocal.se“, човекот кој е во своите дваесетти години, наводно за себе вели дека е расист и фашист, и се поистоветува со норвешкиот терорист и масовен убиец Андерс Беринг Бревик и швеѓанецот Антон Лундин Петтерсон, кој убил три лица во напад во училиште во 2015 година.

Тој ги опишал своите мотиви како одмазда за терористичките напади во Европа, а најмногу за 11-годишното девојче Еба, едно од пет убиени лица во терористички напад во Стокхолм во 2017 година.

Таткото на девојчето во изјава за медиумот вели дека  е изненаден што името на неговата ќерка се нашло на пушката на терористот.

– Кога сведочев на суд, им кажав дека се присетувам на смртта на мојата ќерка постојано. Дури и кога луѓето зборуваат за слични работи кои се случиле во други држави. Не можев ни да помислам оти некој ќе го напише името на ќерка ми на пушка – изјавил тој за „The Local“.

Тој ја критикувал Шведска бидејќи не им понудила поголема компензација на семејствата на жртвите.

– Шведска не прави разлика меѓу лице кое ќе го изгуби животот во терористички напад и некој кој ќе умре поради пијан возач. Ова е една од причините зошто има терористички фондови во остатокот од Европа, така да жртвите ќе добијат поддршка и шанса да продолжат понатаму. Јас пак сум во центарот на вниманието и сега кога има напад во Нов Зеланд – колку е болно тоа? – изјавил таткото.

Австралискиот премиер Скот Морисон потврдил оти еден од напаѓачите во Нов Зеланд има австралиско државјанство. Тој додал дека сите во неговата земја се шокирани од она што се случило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...