Амнестираниот Бетмен го поздрави Дурловски: „Браќа до крај, браќа за цел живот“ ФОТО

5191

Богдан Илиевски Бетмен на неговиот профил на Фејсбук во текот на ноќта објави фотографија со останатите тројца водачи на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

Сите беа обвинети во случајот „27 април“, побараа и добија аместија тројца од нив освен пејачот Дурловски кого денеска го очекува пресуда за овој случај.

Обвинет е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, дело за кое минималната затворска казна е 10 години затвор.

„Браќа до крај. Браќа за цел живот“, напиша Бетмен на фотографијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...